Јас сум психолог и ова се 4-те работи кои прво ги забележуваме на лицето на непознат човек: Луѓето со такви карактеристики се најдопадливи

Точка

27/05/2024

17:33

3.407

Големина на фонт

а а а

Луѓето метафорично кажуваат дека на книгата не треба да ѝ судите по кориците, но тоа е полесно да го кажете отколку да го направите.

И, натаму неретко вистинскиот впечаток за некого го стекнуваме преку физичкиот изглед, односно надворешните карактеристики и општиот став.

Не е ни чудно што цврстото стиснување на рацете и самоуверената насмевка се некои од докажаните начини да се остави добра прва импресија.


Психологот Лесли Зебровик од американскиот Универзитет Brandies, истакнува дека поголем дел од луѓето прво несвесно носат процена за другиот човек врз основа на четири, прилично необични црти на лицето. Спротивно од честото мислење, тоа не се бојата на очите, обликот на усните или големината на носот.

Истражувањето на овој психолог, направено во научниот магазин „Current Direction in Psychological Science“ има цел да испита како го формираме првиот впечаток за другите луѓе.

Анализирајќи како нашиот мозок реагира на одредени лица, се докажало дека карактеристиките на лицето кои оставаат најповолно влијание се следните:

- „Baby face“;
- Лице кое делува познато;
- Лице кое изгледа здраво;
- Емоционално, карактеристично лице.

„Baby face“ ги подразбира луѓето кои немаат зрело, туку по малку детско, младолико лице или оние кои имаат големи очи, кратка брада, кружно лице... Исто така, кога нечие лице изгледа познато и „поздраво“, луѓето го проценуваат како некој којшто е допадлив, интелигентен и способен.

Покажувањето позитивни емоционални изрази не лицето е добар пример за она што овој психолог го нарекува „емоционално, карактеристично лице“.


Бенедикт Џонс, професор на Институтот за невронаука и психологија во Глазгов којшто е еден од луѓето на чело на лабораторијата за истражување на човечкото лице, додава дека овие особини влијаат на две различни процени кои ги носиме за непознатите луѓе.

„Првата е доверба и нѐ одржува во перцепција за тоа колку може да му веруваме некому. Втората е доминација и најчесто ги одразува нашите влијанија за тоа колку некоја личност може да ни нанесе штета“, истакнал Џонс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг