[ВИДЕО] Бизарна сцена во супермаркет: Баба одглумила повреда за Оскар, почнала да паѓа, но не ја видела камерата зад себе

Точка

27/05/2024

15:16

3.425

Големина на фонт

а а а

Несекојдневна приказна ни доаѓа од Велика Британија, а епилогот го добила на суд.

Тереза Бирч влегла во локална продавница во крајбрежниот град Пејнтон, а по неколку минути паднала. Покрај неа немало вработени или други купувачи.

Тереза поднела тужба и побарала надомест од супермаркетот поради „повреда на десното колено и левата рака“, но не сметала дека ќе биде снимена од надзорната камера, пренесува "The Sun".

@metrouk CCTV caught the moment a woman staged a fake accident to try and claim £10,000 in injury compensation. Iceland has shared the footage which they said made it 'crystal clear' the whole thing was planned and staged. She's narrowly avoided jail and has been ordered to pay over £17,000 in court costs. #fy #fyp #caughtoncamera #cctv #supermarket #iceland #supermarkettiktok #fraud #compensation #uknews #viral ♬ original sound - MetroUK

Таа тврдела дека со „нога закачила оставена торба“ по што паднала. Барала 10.000 фунти надомест, но видео-материјалот покажал нешто друго.

Јасно се гледа дека оди и планирано паѓа на под, така што судот ја отфрли тужбата, но тоа не е крајот.

Жената добила условна затворска казна од четири недели, а наредено и е да ги плати судските трошоци на супермаркетот кои надминуваат 17.000 фунти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг