[ВИДЕО] Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Точка

26/05/2024

16:12

4.045

Големина на фонт

а а а

По неколку недели, во Тел Авив се слушнаа сирени за ракетен напад. Набргу по објавувањето на тревогата, вооруженото крило на движењето Хамас објави дека извршило голем ракетен напад врз Тел Авив од Појасот Газа.

Како што пренесува Би-би-си, ракетни сирени се огласиле и во други градови и населени места, вклучувајќи ги Херцлија и Петах Тиква. Израелските медиуми објавија снимка од фрагменти од проектил во градината на зграда во Херцлија. На друго видео се гледа голем кратер кој, како што пишува Би-би-си, очигледно е создаден од ракета на отворен простор во близина на централниот град Кфар Саба.

Израелската армија соопшти дека од Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, каде армијата спроведува воена офанзива, врз Израел биле истрелани осум до десет ракети. Се уште нема извештаи за штети или жртви.

Ракетните напади се случуваат во време кога израелската армија го интензивира нападот врз Рафах, и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека мора веднаш да ја прекине својата офанзива низ Газа.

Според весникот Хаарец, сирените кои предупредуваат за ракетен напад се слушнале по 13 часот по наше време и на други места во централниот дел на Израел.

Военото крило на палестинското движење Хамас, против кое Израел се бори во Појасот Газа, објави дека извршило голем ракетен напад врз Израел.

Според нив, тоа е одмазда за цивилите убиени од израелската армија. Израелската армија објави дека од Рафа биле истрелани најмалку десет ракети, пишува The Times of Israel. Израелската армија сега спроведува офанзива во оваа област на југот на Појасот Газа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг