На славната актерка сопругот ѝ ја оставил оваа потресна порака, па си го одзел животот: Таа ги открила срцепарателните зборови и причината зошто кренал рака на себе!

Точка

26/05/2024

10:58

7.547

Големина на фонт

а а а

Пред нешто повеќе од 2 месеци, на 13 март, сопругот на англиската актерка и реалити ѕвезда Тина Мелоун, си го одзел животот на 42-годишна возраст. Пол Чејс бил 19 години помлад од Тина, а заедно биле од 2010 година и ја имаат 11-годишната ќерка Флејм.

Актерката неодамна открила зошто нејзиниот покоен сопруг кренал рака на себе, велејќи дека Пол со години имал проблеми со менталното здравје и дека страдал од посттрауматско стресно растројство поради неговата воена кариера, односно воената служба во Белизе, Ирак, Авганистан и на Фолкландските Острови …


Тина Мелоун додала и дека со сопругот поминала сосема „нормален ден“ пред тој да изврши самоубиство. Открила и дека таа кобна ноќ ги добила СМС пораките од Пол, но дури неколку часа откако тој ги испратил.

„Неговите последни пораки беа испратени околу 4 часот наутро, но јас имам стар телефон и не ми пристигнале веднаш. Кога конечно пристигнаа, полицијата веќе беше кај мене дома и ми соопштија дека повеќе го нема“, изјавила 61-годишната актерка за „Mirror“.

Актерката открила и како гласела срцепарателната порака која сопругот ѝ ја пратил таа вечер:

„Жал ми е што те оставив, ми го осветлуваше животот секогаш кога и да те видев. Жал ми е. Тина, те молам прости ми и еден ден ќе се сретнеме повторно, кога ќе се преселиш овде кај мене. Те сакам и ќе те посетам кога ќе најдам начин. Жал ми е, љубов моја, низ сиот овој хаос, ти беше онаа која мојот живот го правеше совршен. Ќе дојдам и ќе ве посетам тебе и Флејм.

Те молам, прости ми“.


„Пол не можеше да пронајде излез“

Познатата Англичанка истакнала дека Чејс бил дијагностициран со ПТСН пред три години и дека верува дека до тоа дошло затоа што „сведочел на ужасите на војната“. Таа сега ја основала добротворната фондација „Paul’s Flame“, која им помага на луѓето во криза.

„Кога ќе се опијанеше, со денови зборуваше за деновите од војска и јас му велев: ’Имаш депресија, имаш проблеми поради тоа што си го видел‘. Го игнорираше тоа и ќе ми одговореше: ’Како ќе добијам работа ако тоа е така?‘


Но, ова е човек кој служеше на својата земја и спасуваше животи. На крајот призна дека има проблем, но работите отидоа предалеку. Не можеше да пронајде излез“, искрена била Мелоун.




Спонзорирани линкови

Маркетинг