Никогаш нема да ви здодее: Еве како правилно треба да негувате бегонија – ќе биде преполна со цветови

Точка

25/05/2024

15:00

3.771

Големина на фонт

а а а

Со децении се присутни и никогаш нема да здодеат со својата убавина – бегониите се совршен избор за на тераса и садење во саксии.

Иако секоја година размислуваме што би можеле да посадиме во нашите градини или на нашите тераси, сепак одново им се враќаме на старите бегонии.

Сигурно бегониите се едни од најубавите цветови кои може да ги видиме во текот на летото, но тие бараат одредена нега за да нѐ наградат со својата убавина и прекрасни цветови.


Правилната нега на бегониите ќе го зачува вашето растение до следната сезона, па дури ќе врши и вегетација во текот на зимата доколку го зачувате во потопла соба, но пред тоа, постојат чекори во негата кои треба да ги следите.

Една од најважните работи за бегониите е влагата, но не смее да ја полевате со ладна вода затоа што особено е чувствителна, па пред да го полеете цвеќето оставете водата малку да отстои.

Полевање, прехрана

Во отстоената вода со која ќе го полеете растението секојпат кога ќе се исуши земјата, ставете ѓубриво кое се раствора во вода, затоа што на овој цвет му е потребна дополнителна прехрана за да цвета максимално.

Што се однесува до зимското полевање, штом бегонијата ќе забави со цветањето, веќе кон крајот на летото, треба да забавите и со полевање.


Иако ова растение сака сонце, не треба да го чувате на директна светлина туку на умерена температура.

Доколку ја негувате како што треба, бегонијата може да порасне околу 10 сантиметри и да биде преполна со цветови кои имаат нежен и прекрасен, летен мирис.