[ФОТО] Објавен портрет на принцезата Кејт, фановите ужаснати: „Дали е ова шега?“

Точка

23/05/2024

07:56

9.837

Големина на фонт

а а а

Откако кралот Чарлс го објави новиот портрет, портретот на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот Татлер за да „ѝ оддаде почит на нејзината храброст“, два месеци откако принцезата од Велс во видео објави дека има рак.

Портретот го насликала британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела различни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.

Сепак, обожавателите на кралското семејство не беа воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза. „Ова изгледа како да го нацртало дете“, „Кога стана Азијка?“, „Каков страшен портрет на толку убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.

Инаку, и откако Чарлс го откри својот портрет, на социјалните мрежи брзо почнаа исмејувања. Некои го споредуваат со Хан Соло, лик од „Star Wars“, но и со Виг Карпати од „Ghostbusters“.