[ФОТО] Ова е суперавтомобилот на "Hyundai" кој работи на водород

Точка

23/05/2024

07:20

9.438

Големина на фонт

а а а

"Hyundai" наводно планира да го пушти во производство својот прв суперавтомобил со погон на водород.

Како што пишува јужнокорејскиот весник "Korea Economic Daily", суперавтомобилот би требало да пристигне во 2026 година и да се произведува во ограничени количини.


Наводно, суперавтомобилот интерно се нарекува "N74" и се развива со погон на задните тркала. Станува збор за купе со две "gulwing" врати и дизајнерски карактеристики кои неодоливо потсетуваат на првиот автомобил на "Hyundai – Pony Coupe" од 1974 година.


Концептниот модел развива 680 коњски сили, а серискиот модел наводно ќе испорачува најмалку 776 коњски сили. Споменатиот јужнокорејски весник наведува дека "N74" од 0 до 100 km/h ќе забрзува за три секунди.


"Hyundai" планира да произведе само 200 единици помеѓу 2026 и 2028 година. Тестирањето на прототипот е планирано за август, а се очекува еден да чини околу 338.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг