[ВИДЕО] „Среќен роденден откачен, неуморен татичко со срце големо како Универзумот“: Јелена Ѓоковиќ му го честиташе роденденот на Новак, вакви сè уште не сме ги виделе

Точка

22/05/2024

18:03

3.891

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес го прославува својот 37. роденден, а една од првите роденденски честитки му ги упати неговата сопруга Јелена.

Јелена објавила видео со Новак заедно со порака на три светски јазици, но секој збор одлично се разбира.


„Happy birthday amore,

Среќен роденден забавен, откачен и неуморен татичко со срце големо како универзумот. Не бидејќи си наш, но навистина си најдобар. Те сакаме“, му посакала таа на својот сопруг.

Нивната љубов датира уште од средношколските денови, а тенисерот вели дека станувало збор за „љубов на прв поглед“.


„Ме освои со насмевката на прв поглед. Се разбира, изгледот е секогаш на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех бидејќи знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа кај неа нејзината искреност“, изјавил тенисерот своевремено за својата сакана.