Тоше Проески, еден од најомилените и најталентираните пејачи на нашите простори, трагично го загуби животот на 26-годишна возраст во страшна сообраќајна несреќа на автопатот Брегана – Липовац на 16 октомври 2007 година.
Тоше денес ќе наполнеше 44 години, а по тој повод се огласи сестра Дора Проеска, која покажа дека болката од загубата сè уште не стивнува.
🖤
Posted by Dora Proeska on Friday 24 January 2025
Имено, Дора споделила фотографија од роденденска торта украсена со ангелски крилја и крст, додека во заднина била поставена сликата на Тоше.
Наскоро, во Македонија ќе започне снимањето на филм за неговиот живот.
Идејата потекнува од МРТВ и копродукции од Балканот, но инспирација и иницијатива дал премиерот Христијан Мицкоски.
Иницијативата е реализирана во соработка со Министерството за култура и Министерството за финансии, потенцирал министерот за дигитална трансформација на Македонија, Стефан Андоновски.