Ако веќе размислувате која боја да ја изберете за вашиот нов "iPhone" од серијата што ќе пристигне оваа есен, сега можете да ги намалите вашите избори бидејќи сигурен извор ги откри сите веројатни нијанси. Најновите информации за боите на серијата "iPhone 16" преку "X" ги сподели Минг-Чи Куо, пазарен аналитичар познат по многу веродостојни информации за "Apple" и нивните производи.
Според неговите информации, "iPhone 16 Pro" и "iPhone 16 Pro Max" нема да бидат достапни во "Blue Titanium". Наместо тоа, ќе биде воведена нова боја – "Rose Titanium". Останатите бои како "Natural Titanium", "Black Titanium" и "White Titanium" се очекува да останат. Овие бои се веќе познати од претходната серија, односно од претходните модели на "iPhone 15 Pro" и "iPhone 15 Pro Max".
2H24 iPhone 16系列機殼顏色預測
— 郭明錤 (Ming-Chi Kuo) (@mingchikuo) May 19, 2024
iPhone 16 Pro & Pro Max:黑色、白色 (或銀色)、灰色 (應該是原色鈦金屬)、玫瑰
iPhone 16 & 16 Plus:黑色、綠色、粉紅、藍色、白色
Apple可能對顏色會有不同的稱呼 (如先前稱呼白色為星光色)。此外,即便顏色名稱與既有機種相同,但看起來可能會不一樣。
--…
За стандардните модели на "iPhone 16" и "iPhone 16 Plus", тој не предвидува некои значајни промени
За стандардните модели на "iPhone 16" и "iPhone 16 Plus", Куо предвидува дека боите ќе останат прилично слични на сегашните опции, со исклучок на жолтата, за која вели дека ќе биде заменета со бела. Очекуваните бои се црна, зелена, розова, сина и бела.
„"Apple" може да ги преименува боите. Покрај тоа, дури и кога името на бојата е исто како и кај претходниот модел, самата боја може да биде различна“, истакна Куо на крајот од својата објава.
Предвидувањата на Куо за производите на "Apple" досега покажаа висока точност, па неговите најави привлекуваат големо внимание. Дали овој пат е во право, ќе покаже времето, односно настанот на Apple во септември, кога се очекува и официјалното претставување на новата серија.
This? pic.twitter.com/AhYcmMs8KT
— Arnaud Ducouret (@ArnaudDucouret) May 19, 2024