За овој прекршок грчката полиција пишува казна и до 1.500 евра! Ова е деталниот прекршочен „ценовник“

Точка

21/05/2024

22:08

12.618

Големина на фонт

а а а

До Грција, најчестата дестинација за домашните туристи преку лето, најчесто ќе одите со автомобил, а тоа значи дека треба да подготвите многу пари ако сте склони со возилото да управувате надвор од прописите.

Колку цело летување може да ве чини возење под дејство на алкохол, а за возење без појас во Грција подгответе 350 евра.

Иако во Грција новите и значително построги закони за патен сообраќај постојат веќе шест години, не е лошо да се потсетиме колку секој сообраќаен прекршок направен во оваа земја повеќекратно ќе го зголеми трошокот за летување.

Посебно, за тоа сведочат минатогодишните сведоштва на македонските туристи во Грција, дека бројот на тамошните сообраќајни полицајци значајно се зголемил, а со тоа и казнувањето на прекршителите.

Исто така, искусните патници во оваа држава советуваат дека треба да се обрати внимание на тоа дека е зголемен и бројот на радари на главните сообраќајници, а првиот се наоѓа веднаш по граничниот премин Евзони, а пред исклучувањето за Солун.


Листата на казни за сообраќајни прекршоци во Грција:

Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра

Надминување на брзината во населено место до 20 км/ч – 100 евра

Минување на црвено светло на семафор и претекнување на полна линија – 700 евра

Неврзување со безбедносен појас – 350 евра

Непрописно паркирање – 40 до 80 евра


Користење на мобилен телефон во тек на возење – 100 евра

Пушење во возило доколку во него има дете помладо од 12 години – 1.500 евра и одземање на возачка дозвола

Пола ти се простува

За разлика од претходните прописи, се предупредува и за тоа дека во Грција веќе не постои погодноста било која од казните да ви се намали на половина ако го платите износот во рок од 10 дена.

Во Грција, имено, законската регулатива е усогласена со препораките кои Европската комисија ги пропишала во врска со превозот на деца, па така деца пониски од 135 центиметри и помлади од 12 години треба да седат во соодветно седиште или бустер.

Тамошниот закон вели и дека е забрането деца постари од 3 години и пониски 150 центиметри да се возат на предното седиште на возилото. За деца од 12 и повеќе години со висина од најмалку 135 центиметри пак, доволен е нормален безбедносен појас.


Сообраќајната казна во Грција ќе ја платите кога-тогаш

Не се залажувајте дека нема да платите некој од овие сообраќајни прекршоци во Грција.

Имено, како што објаснува сајтот „nikana.gr“, кој во регионот се користи како доверлив водич за летување во таа земја, доколку сообраќајниот прекршок сè уште не е евидентиран и информацијата за истиот пратена на граничните премини, не значи дека сте се спасиле од плаќање.

„Грците не можат да ви ја пратат казната на домашна адреса, но следниот пат кога ќе бидете во Грција, ако казната не е застарена и таа сè уште се наоѓа во системот, нема да ви ја простат, туку ќе морате да си ја платите. Покрај тоа, во рамките на ЕУ постои регистар за сообраќајни прекршоци и голема е веројатноста дека казната ќе се наплати кога ќе влезете во ЕУ, без разлика каде во ЕУ е направен прекршокот“, пишува на споменатиот сајт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг