[ФОТО] Фустан којшто од секоја жена прави дама: Вонвременски изглед од Канскиот фестивал, идеален за свечени пригоди и свадби

Точка

20/05/2024

18:30

20.997

Големина на фонт

а а а

Кендис Свонпул, демонстрирала како да носите фустан на Канскиот фестивал кој е идеален за свечени прилики и сезоната на свадби.

Манекенката Кендис изгледала неверојатно кога во неделата пристигнала на премиерата на филмот „Хоризонт: Американска сага“ на 77 филмски фестивал во Кан во црн фустан којшто беспрекорно ѝ стоел.


Моделот од Јужна Африка ја покажала својата неверојатна фигура во фустан којшто паѓал до подот.

Во еден момент, Кендис се свртела и ја покажала својата совршена фигура додека зазела самоуверена поза пред групата фотографи кои ја дочекале да ја фотографираат.

Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ одлучила да има поприродна шминка.


За да го надополни својот целокупен изглед, Кендис додала сребрено ланче на вратот и го искомбинирала со соодветни обетки кои направиле да изгледа дополнително похармонично.


Идеален избор за свечени пригоди и сезоната на свадби. Ви се допаѓа ли нејзината модна комбинација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг