[ВИДЕО] Апасиев и Мицкоски со меѓусебни навреди во Собранието: „Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент“

Макфакс

31/10/2024

22:07

7.332

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев влегоа во вербален судир во Собранието, за време на пратеничките прашања.

Мицкоски му се обрати на првиот човек на Левица со зборовите: Потпишуваш амандмани со Северна Македонија од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи и купуваш деловен простор во главниот град.

„Сериозно е дека фактот дека водиме држава, од истата таа држава од која ти земаш плата и добиваш финансирање на твојата партија и од која бараш документи за да ја интабулираш за да земеш кредит и да купиш нов деловен простор во центарот на главниот град за партијата Левица. Во меѓувреме ќе се подновиш со ново возило, ќе уживаш во комфорот“, изјави Мицкоски и додаде: Халкидики патриоти знам многу, но тука има луѓе кои се борат и ќе се борат за еден заеднички интерес тоа е интересот нас нашата заедничка татковина и сите граѓани од различни етнички припадности кои си ја сакаат својата татковина Македонија.

Апасиев пак, му рече дека е фрустрирано татино синче и асистентче.

Димитар Апасиев до Мицкоски - Се надевам не сте и тука поднапиен

АПАСИЕВ ДО МИЦКОСКИ: СЕ НАДЕВАМ НЕ СТЕ ПОДНАПИЕН


🔴Контрареплика на пратеникот и претседател на #Левица, Димитар АПАСИЕВ, кон премиерот Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања:


🗣 „Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче, што Ве буткале цел живот - си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате ад хоминем. 

Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како Вас.


⁉️ Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да Ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто чини колку станот во којшто јас живеам? 

И дали е вистина дека планирате Вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД на Фармацевтскиот факултет? 


⁉️ Како успеавте со ваков “вичен и правичен” адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму… и сега ќе ни кажувате: „Одел Апасиев на одмор во Халкидики”. Да! Оди. Оти е средна класа. Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе! Апасиев живее од професорска плата.


✖️ Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно Вашата квази-патриотска, бугарофилска партија го брише името Македонија - без обврска од Преспанскиот договор!”


#НеподмитливитеВоСобранието

#ЛевицаОдПарламент

Posted by Левица on Thursday 31 October 2024

„Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто кошта колку станот во којшто јас живеам? И дали е вистина дека планирате вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД, на Фармацевскиот факултет? Како успеавте со ваков вичен и правичен адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму и сега ќе ни кажувате, одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе. Апасиев живее од професорска плата“, изјави Апасиев.