Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан вчера по состанокот на владата, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница.
Според последните информации на словачките медиуми, Фицо бил опериран и буден, а операцијата траела пет часа. Напаѓачот е уапсен на лице место и се вели дека е 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател. Атентаторот на распит рече дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата.
Footage of Slovak Prime Minister Fico being taken to his car following assassination attempt. pic.twitter.com/jVkEtGZ87M
— Clash Report (@clashreport) May 15, 2024
Цинтула е основач на Литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачки писатели. „Скај њуз“ пишува дека се верува дека атентаторот е поранешен чувар.
Додека Словаците утрово патуваа на работа, многумина сè уште се обидуваа да се справат со веста за атентатот. „Немам зборови за ова. Ова никогаш не требаше да се случи во 21 век, без разлика за кого гласате“, рече Марија Сабо, сопственичка на продавница во главниот град Братислава.
„Нашата земја оди во погрешна насока“, додаде таа.
The first minutes after the assassination attempt on the Prime Minister of Slovakia. Previously, the video shows the moment of the arrest of the man who shot Robert Fico. pic.twitter.com/2liGBJinf2
— Alex Shternkuker (@SIL_trader) May 15, 2024
Вицепремиерот Томаш Тараба потврди за Би-Би-Си дека животот на Фицо повеќе не е во опасност.
Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил во зглобот.
Министерот за одбрана Роберт Калинак на прес-конференција најави дека во текот на денот ќе даде повеќе информации за состојбата на премиерот Роберт Фицо. Оди во Братислава на седницата на владиниот совет за безбедност, која почнува во 11 часот.