Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шутка

Макфакс

16/05/2024

09:20

1.915

Големина на фонт

а а а

Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ја помина првата ноќ во затворот во Шутка откако вчера беше екстрадиран во Македонија.

Одделна ќелија до која се доаѓа преку посебен ходник, посебна храна, немање контакт со други притвореници. Ова се само дел од мерките кои управата на Казнено поправната установа затвор Скопје ги презеде откако вчера од Турција во Македонија беше екстрадиран осомничениот убиец Љупчо Палевски – Палчо. Целта е да се обезбеди максимална безбедност за време на неговиот 30-дневен притвор во овој затвор, велат од управата за затворот.

Зголемено е и затворско обезбедување кое го надгледува секое негово движење а видео надзорот се спроведува со неколку камери. Палевски пристигна на аеродромот во скопје со редовниот лет од истанбул, под посебни протоколи и во тајност, одвоен од другите патници, со посебно организирано обезбедување од турската полиција. Веднаш по слетувањето со полициска придружба тој директно беше пренесен во Шутка, каде му стапи на сила мерката 30-дневен притвор, пишува Алфа ТВ.

Кривичните дела за кој е осомничен се „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“. Двете жртви, 14-годишната Вања и велешкиот фризер Панче, беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември лани. Нивните беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Во овој случај како петоосомничен се јавува и таткото на Вања. Тој се гони за помагање во делото грабнување кој во моментов се наоѓа во домашен притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг