[ВИДЕО] Грчка стјуардеса го открила вистинското лице на Џеј Ло: Пејачката глумела ѕвезда во авионот за Дубаи – вака се однесувала кон екипажот, ситуацијата кулминирала

Точка

14/05/2024

17:29

12.929

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез важи за прилично вообразена ѕвезда, се зборува дека не се однесува пристојно кон персоналот на рестораните и хотелите каде што престојува. Голема бура подигнало видеото на кое плука гума за џвакање во раката на асистентката на филмскиот сет, а на „TikTok“ владее тренд кој би можел да се окарактеризира како „покажи го вистинското лице на Џеј Ло“ – луѓето кои ја запознале го откриваат нејзиното вистинско лице.

Грчка стјуардеса, која на „TikTok“ се претставува по името miss_eirini опишала што се случило за време на летот Лос Анџелес – Дубаи каде меѓу патниците била Џенифер Лопез и што се случило по слетувањето па ситуацијата кулминирала.

Џеј Ло во авионот во најмала рака, се однесувала необично. „Прашавме што се случува. Ни одговорија: ’Чудна е, не сака ниту да ја погледнеме, не сака ниту да ја прашаме што би јадела или било каква комуникација, комуницираме со нејзината асистентка‘“, започнала да го раскажува своето искуство стјуардесата од Грција.


Мислела дека тоа е вообичаено на такви летови, па продолжила понатаму. Но, немало крај на проблемите ниту по пристигнувањето во Дубаи по 16-часовниот лет. Џеј Ло не сакала да излезе од авионот и така час и половина.

„Кога ги прашавме останатите членови на екипажот која е причината за ова доцнење, тие ни рекоа: ’Џенифер Лопез се преслекуваше одново и одново, не се чувствуваше подготвена да се симне. Сето тоа време не проговори ниту збор, а екипажот само ја чекаше, дури не им се ни обрати, се преслекуваше како да е дома – пред сè тоа не е приватен авион и второ, да го напавеше тоа некој друг патник, ќе повикавме обезбедување и полиција!‘“, пишува protothema.gr.


Џенифер Лопез, која неодамна присуствувала на „Мет Гала 2024“ во Њујорк и направила вистински „бум“ со свечената тоалета, била груба кон новинарката која додека одела по степениците на музејот Метрополитен ја прашала чија креација носи.


„Schiaparelli“, одговорила пејачката и само продолжила напред. Многумина ја осудуваат, но некои велат дека така се однесувала поради неудобниот фустан кому му го посветила целото внимание.


На социјалните мрежи следбениците се поделени околу оваа жена. Дел ја бранат и велат дека Лопез не е воопшто вообразена и сурова, додека постои и друга страна која го тврди сосема спротивното.




Спонзорирани линкови

Маркетинг