Честитка до Силјановска од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан

Нетпрес

12/05/2024

14:56

1.129

Големина на фонт

а а а

Честитка до Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Република Северна Македонија денеска упати и Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан, соопштија од Британска Амбасада во Република Северна Македонија.

– Честитки до Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Северна Македонија. Обединетото Кралство очекува зајакнување на долгогодишното партнерство помеѓу нашите земји, унапредување на трговските односи и проширување на заедничката посветеност на безбедноста и соработката во рамките на колективната одбрана како дел од НАТО, се вели во честитката од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан.