[ВИДЕО] Претседателката се заколна на Македонија, не на „Северна“: „На Западен Балкан сѐ уште е жив патријархатот, силните жени на поинаков начин може да ги решаваат проблемите“

Точка

12/05/2024

13:00

7.505

Големина на фонт

а а а

Инаугурацијата на новата претседателка на Република Македонија, Гордана Силјановска - Давкова се одржува денеска во Собранието на РМ.

Таа треба да даде свечена изјава пред претходниот парламентарен состав по што официјално ќе ја преземе функцијата и ќе започне нејзиниот петгодишен мандат.

Гордана Силјановска – Давкова даде свечена заклетва пред пратениците на Собранието на Македонија.

Иако заклетвата беше со „Северна Македонија“, Давкова се заколна дека ќе го штити суверенитетот на Македонија.

„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја извршувам совесно и одговорно...“, изјави Силјановска – Давкова.

„Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика“, рече новата претседателка Силјановска - Давкова, па додаде: 

„Време е за единство и затоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас“, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

„Среќна сум што ќе инспирирам други жени. На Западен Балкан сѐ уште е жив патријархатот, затоа мислам дека силните жени на поинаков начин може да ги решаваат проблемите. Дека сум во право покажува и тоа што оваа држава не ја бранеле само комитите, туку и комитките, и партизанките. Многу храбри и умни жени сум видела во овој Парламент“.

Погледнете го видеото:

ВО ЖИВО: ЗАКЛЕТВАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА!

ПРЕКУ ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА РАДИО ЛИДЕР СЛЕДЕТЕ ЈА ЗАКЛЕТВАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА!

Posted by Лидер on Sunday, May 12, 2024