Томас Милер беше еден од најгневните фудбалери на теренот и во лице му се дереше на судијата Симон Марчињак, откако тој и неговиот помошник одлучија да ја прекинат акцијата која заврши со гол на Баерн.
Несфатливата реакција на судиите ги разбесни баварците и мора да се признае дека гостите со право се бунеа, особено поради фактот што изгледа дека Мазрауи не беше во офсајд.
Оваа контроверзна ситуација фрли црна дама на европското дерби и остави простор за многу негативни реакции, а Милер својот бес го истурил и во микс-зоната, каде потсетил дека ова не било прв „грабеж“ на „Бернабеу“.
– Секогаш е малку чудно да се игра против Реал Мадрид. За жал, ова се случува многу често на „Бернабеу“. Ми се случи ова и во 2017-та година со два гола на Кристијано Роналдо од офсајд. Тогаш немаше ВАР, а сега има……
– Судијата не сакаше да оди да погледне на мониторот. Навистина чудна ситуација, навистина е многу чудно да се прекине една ветувачка акција, – изјавил нервозниот Милер пред новинарите во подтрибинскиот простор.