Модриќ на оригинален начин ја опиша новата магична ноќ во Лигата на шампиони

Дерби

09/05/2024

11:52

717

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ беше еден од играчите кои донесоа пресврт на теренот во самата завршница, бидејќи неговото влегување во игра и тоа како ја раздвижи играта во средниот ред на Реал Мадрид.

Хрватот влезе во завршницата и беше дел од уште една магична ноќ на „Сантијаго Бернабеу“, во која овојпат вистински херој беше „џокерот“ Хоселу кој постигна два гола во мрежата на Нојер.

Реал направи пресврт при самиот крај на мечот и завери нов билет за финалето во Лигата на шампионите, каде ќе ја брка својата 15-та титула во најелитното европско натпреварување.

Од друга страна, Модриќ ќе ја брка својата шеста титула во ЛШ, а пред да дојде да размислува за тој меч, наредниве денови сигурно многу ќе се зборува за новиот луд пресврт во Европа.

– Овој филм ми звучи познато, – кратко порача Модриќ на социјалните мрежи и на оригинален начин потсети на незаборавните пресврти против ПСЖ, Челси и Сити пред две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг