Баерн 12 години немале вака лоша сезона

Макфакс

09/05/2024

11:46

554

Големина на фонт

а а а

Оваа сезона фудбалерите на Баерн ги загубија сите три битки и остануваат без трофеј за прв пат по 2012 година.

Откако ја загубија титулата во Бундеслигата, каде што беа неприкосновени претходните десет години, во средата вечерта останаа без шанса да се борат за единствениот трофеј што остана на нивниот список, Лигата на шампионите.

Тие беа шокантно елиминирани од Реал во полуфиналето, со головите во 88. и 91. минута и со тоа ја загубија последната шанса за спас на сезоната.

Да потсетиме, Баер Леверкузен сезонава ја освои титулата во Германија, убедливо и доминантно, додека во 1/16-финалето на Купот избраниците на Тухел сензационално беа елиминирани од третолигашот Сарбиркен.

Последен пат Баерн заврши сезона без трофеј во 2012 година.

Тогаш Баварците во финалето, на домашен терен беа поразени од Челси во Лигата на шампионите, во Бундеслигата го зазедоа второто место зад Борусија Дортмунд, од која загубија и во финалето на Купот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг