[ВИДЕО] Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

Макфакс

08/05/2024

13:03

2.578

Големина на фонт

а а а

Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.

Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.

Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.

Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг