Вознемирувачко видео од местото на убиството: Српски рапер убиен во Дизелдорф, Албанец уапсен за злосторството

Точка

30/04/2024

11:58

9.306

Големина на фонт

а а а

Александар Стефановиќ, 38-годишен рапер и угостител, е застрелан пред кафуле во германскиот град Дизелдорф.

Раперот и угостител Александар Стефановиќ (38), попознат по неговото уметничко име Алекс М, е застрелан и убиен пред ресторан во Дизелдорф, во неделата рано наутро. На убиството му претходела расправија. Полицијата го уапсила осомничениот пред локалот.

Албанецот Рустем Лапи (52) е уапсен под сомнение дека го испукал смртоносниот истрел во него.

Во неделата околу 2 часот и 45 минути во кафуле најпрвин настанала расправија меѓу жртвата и 52-годишниот осомничен. По расправијата излегле од кафулето, кога се слушнале истрели. По пукањето, осомничениот маж се вратил во кафулето и чекал да пристигне полицијата. Тој без отпор се предал.

Иако полицијата и итната помош се обиделе да го реанимираат на лице место, 38-годишниот сопственик на локалот им подлегнал на повредите.

Како што може да се види на неговиот профил на Инстаграм кој го следат околу 1.800 фанови, тој се занимавал со музика, а пред две години го објавил својот сингл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг