[ФОТО/ ВИДЕО] Тажна приказна која ги топи срцата: Девојче (7) продава лимонада за да направи надгробен споменик на својата мајка

Точка

23/04/2024

16:26

1.199

Големина на фонт

а а а

Девојче од Алабама, САД успеало да собере доволно пари на штанд за лимонада за да ѝ обезбеди соодветен надгробен споменик на мајка ѝ.

Имено, седумгодишната Емури Џонсон неочекувано ја изгубила својата мајка, Карли Борднер, на 13 март годинава. Жената починала само неколку дена пред нејзиниот 30. роденден, а била погребана неколку дена подоцна.

Малата Емури била многу вознемирена кога, заедно со баба ѝ Џенифер, првпат го посетила гробот на нејзината мајка. Таа многу се растажила кога видела дека мајка ѝ нема надгробен споменик.


„Делуваше како да сме ја заборавиле“, изјавило девојчето за „Си-би-ес њуз“.

Нејзината баба ѝ објаснила дека, во моментов, семејството не може да си го дозволи тоа.

„Емури веднаш добила идеја да собере пари со продавање лимонада“, изјавила гордата баба.


Таа ја почнала својата работа со само четири лимони, но донациите бргу почнале да пристигнуваат. На почетокот, Емори само ја продавала својата лимонада и не ја потенцирала причината поради која го прави тоа, но гласините бргу почнале да се шират и голем број луѓе го посетиле нејзиниот штанд со лимонада. Иако таа ја продавала лимонадата за 1 долар, минувачите ѝ оставале многу повеќе.


Благодарение на публицитетот, компанија за споменици понуди да донира соодветен надгробен споменик, а собраните 15.000 долари се доволни за да се покријат трошоците за погребот.

Емури сè уште е изненадена од тоа колку луѓе излегле да ја поддржат неа и нејзиното семејство.


„Не знаев дека само малку лимонада ќе донесе толку многу луѓе во мојата куќа. Забавно е, но во исто време е и неверојатно“, изјавила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг