[ФОТО] Сите очи вперени во Јелена Ѓоковиќ: Таа блесна во Мадрид на црвениот тепих во безвременска креација

Точка

23/04/2024

12:20

2.990

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е во Мадрид каде присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите Лауреус. Секако, на овој настан тој беше придружуван од својата сопруга Јелена.

Појавувањето на парот Ѓоковиќ пред палатата „Sibeles“ предизвика овации од страна на присутните кои со возбуда ги пречекаа тенисерот и неговата сопруга на црвениот тепих.


Јелена за оваа пригода се одлучила за црн фустан без прерамки, надополнет со минималистички гердан кој совршено прилегаше на нејзината елегантна креација. Нејзината коса беше исто така собрана во ниска елегантна пунџа, која придонесе за севкупниот романтичен стајлинг.

Фустанот е креација на српската дизајнерка Драгана Огњеновиќ, а неговата цена изнесува 500 евра.

Новак на доделувањето беше награден со титулата Најдобар светски спортист за 2023 година

Инаку, Ѓоковиќ по петти пат во кариерата ја освои наградата Лауреус, откако минатата година освои три од четири Грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на Вимблдон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг