Подобрете ја својата сексуална самодоверба: Три важни зборови кои можат да го подобрат секој лош секс

Точка

22/04/2024

17:34

9.998

Големина на фонт

а а а

За градење сексуална самодоверба потребно е искуство. Овие чекори ќе ви помогнат да го зајакнете истото, со што ќе се чувствувате целосно задоволни, пишува „Дневник“.

Бидете кралица на сопственото задоволство

Познато е дека жените кои почесто мастурбираат се посигурни во сексот, а во него наоѓаат поголемо задоволство бидејќи знаат да се доведат до кулминација.


„Ако сè уште не сте го направиле тоа, дефинитивно одвојте време да ги откриете сопствените ерогени зони, како и интензитетот на допир кој најмногу ви одговара“, вели сексологот Емили Морс.

Доживувајте го вашето тело како атрактивно


Љубовта кон сопственото тело и гледањето на себеси како сексуално суштество е важно за сексуалната самодоверба. За да ја постигнете оваа цел, важно е да вежбате. Облечете свилена долна облека, тесен фустан, штикли или кој било друг додаток кој ве прави пожелни, прошетајте се пред огледалото и навикнете се на оваа идеја.

Кажете ги овие три магични зборови


Никој не може да ви ги чита мислите, па ако сакате нешто – мора да го побарате. Ова правило особено важи за време на сексуалниот однос. Ако вашиот партнер прави нешто за време на сексот што не ви се допаѓа, најдобро е да му кажете.

„Уживајте во моментот и не заборавајте да ги кажете овие три моќни зборови: ’Ајде да се обидеме на овој начин‘“, заклучува д-р Морс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг