[ВИДЕО/ФОТО] „Мртви сме, ќе се урнеме!“ Последните зборови на екипажот пред авионот со 216 патници да падне во океан: Кога пилотот се разбудил, веќе било доцна

Точка

22/04/2024

23:12

23.597

Големина на фонт

а а а

Летот на компанијата „Air France“ одеднаш исчезнал од радарот на своето патување од Рио де Жанеиро за Париз и покрај пријатното летање и добриот почеток на патувањето, за по неколку минути да се урне од неверојатна висина во Атлантскиот океан – во страшната несреќа која ги однела животите на 216 патници и 12 членови на екипажот.

Можеби и една од најпознатите авио-несреќи се случила во 2009-та година, кога летот на „Air France“ AF447 влегол во бура и исчезнал од радарот.

И покрај тоа што семејствата чекале добри вести за своите најблиски со денови, од компанијата соопштиле дека нема надеж дека патниците го преживеале падот, што на крајот се утврдило како точно.

Имено, авионот за само четири минути и 24 секунди паднал од некои 11.500 метри и се урнал во океанот – во несреќата за која со години не се знаело ништо.


Изгубена црната кутија

На инспекторите им биле потребни две години да ја лоцираат црната кутија од авионот, во која имало снимки од Марк Дубоа (58), Дејвид Роберт (37) и Пјер-Седрик Бинин (32), пилотите кои биле свесни дека ги преживуваат последните моменти од своите животи.

„Ја изгубивме брзината. Не знам што се случува“, се слуша еден од пилотите на снимката, кога друг вели – „Ќе се урнеме. Ова не е вистина. Што се случува“. Не е јасно што кажал следниот, но последната снимка открива дека некој вели: „Мртви сме“.


Хронологија на трагедијата

Новата симулација на судирот, која со години веќе се обидува хронолошки да се постави, открива што би можело да се случи пред трагедијата која однела 228 животи во само неколку минути.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром во Рио на 31-ви мај 2009-та година во 19.03 часот по локално време, со предвидено време за слетување на парискиот аеродром приближно 11 часови подоцна.

Последен контакт со авионот е остварен во 1:33 часот, во момент кога биле на 565 километри оддалеченост од бразилскиот североисточен брег, кога наишле на силни воздушни турбуленции.

„Авионот пратил серија електронски пораки во рок од три минути, но што значат тие пораки, не знаеме“, изјавил тогаш еден од инспекторите на трагедијата.

Пораките кои ги емитувал Комуникацискиот систем за адресирање и известување на авиони (АЦАРС), систем кој се наоѓа внатре во авионот, биле официјално објавени на 4-ти јуни 2009-та година. Транскриптот покажува дека биле пратени 5 пораки за откажување на опремата и предупредувања – проблеми со навигација, автопилот, контрола на лет и притисок во авионот.

Се претпоставува дека системот за автопилот се исклучил додека авионот бил на голема висина, по што авионот бил препуштен на директна контрола од екипажот.

Пилотите се обидувале да го држат „носот“ на авионот во воздух, во акција која го држела леталото во аеродинамичен застој – силите кои обезбедуваат притисок нагори и му овозможуваат на авионот да лета повеќе не работеле.

Капетанот Дубоа во тоа време спиел, додека неговите копилоти не го забележале застојот и кога се разбудил, не можел да реагира доволно брзо да се исправи грешката.

„… и никој не е виновен“

Францускиот орган задолжен за истрага на несреќата, Бирото за истражување и анализа подоцна тврдел дека пилотите не одговориле правилно на проблемот. Исто така е кажано дека пилотите немале соодветна обука за управување со авион на голема висина со исклучен автопилот.

Ваквата одлука донела негодување кај семејствата кои ги изгубиле своите најблиски.

„Ова е потврда дека можете да убиете 228 луѓе во авионска несреќа и никој да не биде виновен. Семејствата кои ги претставувам се очајни и ова ги спречува да жалат како што треба“, изјавил тогаш Дејвид Коби, претставник на загинатите.

Во авионот имало 228 лица, вклучувајќи 9 членови на екипажот и тројца пилоти. Меѓу патниците имало и едно бебе, седум малолетници, 82 жени и 126 мажи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг