[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО] Израелска полиција: Тројца повредени во терористички напад во Ерусалим

Макфакс

22/04/2024

13:05

2.949

Големина на фонт

а а а

Три лица се повредени утрово во терористички напад во Ерусалим, извести израелската полиција, пренесува „Јерусалим пост“.

„Утринава, околу 8 часот е добиена пријава за сообраќајна незгода и повредени тројца пешаци во Ерусалим“, извести полицијата.

Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале.

Окружниот командант на Ерусалим нареди мобилизација на сите расположливи ресурси, вклучително и специјалните сили, со примарна цел брзо заробување на двајцата терористи што бегаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг