[ВИДЕО] Ангелов: Ахмети, кревај „рачна“ кочница со време, Мицкоски не е сам!

Нетпрес

22/04/2024

16:22

5.025

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов реагираше на синоќешниот митинг на ДУИ на плоштадот „Македонија“. Според Ангелов, претседателот на партијата од Мала Речица директно му се заканил на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

- На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“. Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме, истакна Ангелов.

Поранешниот бранител од војната во 2011 година упати и порака до Али Ахмети.

- Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицкоски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново. Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се’ до денес, стои во објавата на претседателот на Достоинство.

По повод пораките кон Мицкоски, се огласи лично и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Му порача на Ахмети дека не му се плаши.

- Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат. Заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави, објави Мицкоски на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг