Шабани го водеше ТАВ до победа во дуелот со Уника

Точка

19/04/2024

10:18

4.334

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Шабани го водеше ТАВ до победа во дуелот со Уника

ТАВ 8-4(4-0) Уника

ТАВ : Алексо Новески 10” 18”, Еркан Шабани 10” 26” 30” 34” 39”, Дарио Дарио Дестиќ 11”

Уника: Шабан Чупи 23” Беким Љута 28” 30” Фисник Нухиу 40”

Во брз ритам започна првата утакмица во вечерашниот сериал помеѓу екипите на ТАВ и Уника. Креативни и брзи напади пречекани од цврста но чиста одбрана можеше да се забележи и на двете страни од теренот, но голманите вечерва во првата половина од првото полувреме беа на ниво на задачата па мрежичките останаа мирни и кај двете екипи. Во 10” околностите брзо се променија во полза за екипата на ТАВ кога Новески преку брз контра напад го постигна првиот гол вечерва. Буквалн за неполна минута на него му се приклучи и дуото Шабани-Дестиќ во 10” и 11” за водство на ТАВ од 3-0. Екипата на Уника се обиде да ја консолидира својата одбрана и да го загрози голот на ТАВ но не успеа во тоа, па во 18” вечерва расположениот Новески успеа да го постигне својот втор гол за водство на ТАВ од 4-0, резултат со кој се отиде на полувремето.

Брзо по почетокот на второто полувреме, се чинеше дека екипата на Уника го промени својот пристап во натпреварот, играјќи по агресивен фудбал во предно поле Чупи во 23” го постигна првиот гол за екипата на Уника, која успеа да одржи високо темпо така што Љута 28” и 30” постигна уште два гола како Уника би го намалила водството на ТАВ. Но Шабани кај ТАВ овој натпревар имаше своја вечер па не досволи изненадувања и истиот успеваше од минута во минута да го задржува и зголемува водството над УНИКА за конечен резултат од 8-4.

Двоецот Стојановски-Петковски со 8 гола на кормилото на Атлантик Груп во победата на LC Waikiki

LC Waikiki 2-12(0-6) Атлантик Груп

Атлантик Груп: Далибор Тасевски 8” 32”, Њупчо Пафковиќ 21” 23”, Бралоче Стојановски 10” 15” 26” 40” Бојан Петковски 6” 16” 20” 24”

LC Waikiki: Ергин Алими 34”, Мустафа Мустафа 38”

Во ферплеј натпревар започна дуелот помеѓу екипите на LC Waikiki и Атлантик Груп. На двете страни се играше отворен фудбал со целосен акцент а на играта во нападот. Во текот на целиот натпревар екипата на Атлантик Груп ја имаше иницијативата, пред се во делот на нападот, каде што со колективна игра и одлична реализација во нападот успеа да го изненади LC Waikiki. Екипата на LC Waikiki се обидуваше да најде против игра за вечерва расположенито Атлантик Груп но тоа не им поаѓаше од рака. Екипата на Атлантик Груп имаше своја вечер и под водство на двоецот Стојановски-Петковски кои вкупно постигнаа 8 гола успеа да стигне до победа од 12-2.

Николоски со хет-трик го водеше Лукоил до победа над Гранит

Гранит 3-5(1-2) Лукоил

Гранит : Мартин Ристовски 3”, Дарко Петров 34”, Николче Глигуровски 39”

Лукоил: Горан Стојанов 11” Иван Стојчев 17”, Лоренцо Николоски 27” 28” 31”

Крајно неизвесен натпревар огидраа екипите на Гранит и Лукоил. Прва до водство дојде екипата на Гранит преку Ристовски во 3” кој со погодот му донесе предност на својот тим од 1-0. Гранит ја имаше иницијативата се до средината на првото полувреме кога Лукоил успеа преку два брзи контра напади во реализација на Стојанов 11” и Стојчев 17” да израмни и поведе на 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.

Во второто полвуреме на самиот старт Лукои продолжи со офанзивна игра и притисок во предно поле. Во ваквата поставеност кај Лукоил се истакна Николоски кој со три последувателни гола успеа да му донесе предност на Лукоил од 5-1. Гранит се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот . Со ваквата игра и играчот плус кој беше стекнат од поставеноста во делот на нападот голман-играч, Гранит успеа да намли преку дуото Петров-Глигуровски на 5-3, но времето беше сојузник на Лукоил кој успеа да го добие овој натпревар со конечни 3-5. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг