Имате сомнителни апликации на телефонот? Функцијата „карантин“ би требала да го реши тој проблем – ова се деталите

Точка

18/04/2024

20:00

5.135

Големина на фонт

а а а

Според најновите информации кои протекле од првото бета издание на Android 15, Google развива нова функција која ќе создаде „карантин“ за сомнителните апликации.

Оваа функција би требала да ги изолира апликациите кои би можеле да претставуваат потенцијален ризик по безбедноста на корисникот.

Мишал Рахман од Android Authority открил дека овој „карантин“ функционира слично како оневозможување на апликацијата во подесувањето или нејзино суспендирање преку функцијата Digital Wellbeing.


Во „карантин“, апликацијата и натаму останува видлива на почетниот екран, но сите нотификации од истата се оневозможени. Исто така апликацијата губи способност да „заѕвони“ или да го извести корисникот на било кој друг начин.

Додека апликацијата е во „карантин“, не може да прима системски известувања ниту да комуницира со други апликации. Услугата е оневозможена и при нејзино пребарување, но очигледно дека самата активност на апликацијата сѐ уште може да функционира во внатрешноста на истата.

Очигледно е дека корисниците ќе можат да управуваат со оваа функција преку нови дозволи на Quarantine_Apps, што сугерира дека Google би можел да му овозможи на Play Protect автоматски да ги става ризичните апликации во карантин. Ова би значело дека Android самостојно ќе може да ги изолира сомнителните апликации од останатиот систем.

Сѐ уште не е потврдено дали функцијата на карантинот ќе биде дел од конечното издание на Android 15 или ќе биде дадено подоцна. Google ќе продолжи да го развива Android 15 којшто го преминал првиот бета праг на 11 април, овозможувајќи им на корисниците на Pixel уредите и поголем дел од програмерите да го тестираат новиот софтвер.


Покрај функцијата „карантин“, првата бета верзија вклучува и поддршка за архивирање и деархивирање на апликации, како и подобрување за TalkBack поддршката за Braille дисплеј.

Google планира уште неколку бета верзии пред Android 15 да влезе во Platform Stability фазата во текот на летото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг