[ФОТО] Снег на Бистра – Го чекавме април, но нè изненади декември: Каде е сонцето и дали треба повторно да ја извадиме зимската гардероба?

Точка

18/04/2024

16:09

1.963

Големина на фонт

а а а

Дојде пролетта, нешто што сите со нетрпение го очекувавме – да нè разбуди од зимскиот сон и сончевите зраци ни дадат желба за нови авантури, долги прошетки и ден кој подоцна згаснува.

И беше така, дојде април … Со него сонцето и насмевките на луѓето низ нашиот град. Пазарите беа преполни со расцветани цвеќиња, особено лалињата во шарени бои – кои отсекогаш биле во љубов со април.

Верувам дека на сите ни прелета мислата „Што ли ќе нè очекува во јули, доколку сега температурите достигнуваат 30 степени?“. Но, сепак, правевме планови за продолжените викенди и уживавме во најубавиот период од годината.

Временските неприлики започнаа од регионот, снегови во Србија, Сараево … Метеоролозите пишуваат подетално што можеме да очекуваме и која е причината.

Но, ниту нашата земја не беше лишена и сончевите денови и високите температури – преку ноќ ги заменија темните облаци и дождот, а Маврово, поточно Бистра, утринава осамна прекриена со снежна прекривка.

Снежно утро на Бистра, пролет во Маврово 😊

Posted by Маврово / Mavrovo on Wednesday 17 April 2024

Како што може да се забележи на фотографијата постирана на ФБ страницата на Националниот парк „Маврово“, падините на планината се забелени.

Најниските измерени температури се на Попова Шапка – 2 и во Лазарополе 0.

За утре УХМР најавува променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.

За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг