[ВИДЕО] Направете креативно велигденско јајце: Потребни ви се само неколку ластичиња

Точка

18/04/2024

16:05

4.750

Големина на фонт

а а а

Една едноставна идеја за украсување на јајцата, доколку сакате тие да бидат оригинално украсени, е да употребите гумени ластичиња.

Со помош на ластичиња можете да креирате интересни и колоритни дезени, а еве неколку совети доколку сте се одлучиле за ваков тип на декорација.

За овој трик најдобро е да имате гумени ластичиња со различна големина и бели јајца. Ластичињата замоткајте ги околу јајцето за да креирате различнидезени. Деловите кои се покриени со ластичињата ќе ја имаат бојата на јајцето, додека преостанатите делови ќе бидат обоени.

Откако ќе ставите ластичиња на јајцата, потопете ги во сад со претходно подготвена боја и оставете ги во течноста онолку колку што пишува во упатството.

Извадете ги јајцата од бојата и исушете ги, па дури потоа отстранете ги гумичките кои ќе остават бели шари на јајцата.

Доколку сакате дополнително да ги декорирате јајцата, можете да залепите налепници, да напишете или да насликате нешто или што сакате.




Спонзорирани линкови

Маркетинг