Анчелоти открил кој одбил да шутира пенал! „Едерсон предобро ме познава“

Точка

18/04/2024

11:46

2.509

Големина на фонт

а а а

Четири-пет минути пред крајот почнувате да размислувате на пенали. Одредив пет играчи, Џуд е добар шутер, како и Лукас, Начо има многу искуство и карактер, а Рудигер има храброст!, објаснил Давиде Анчелоти, помошен тренер.

Андриј Лунин испадна јунак на Реал во победата против Манчестер Сити со 5-4 (1-1) и на влезот во полуфиналето на Лигата на шампиони. Украинецот застана на голот по повредата на Куртоа, а одбрани и многу удари во текот на 120-те минути, а потоа и при пеналите ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Матео Ковачиќ.

А не тргна добро за Реал. Капитенот на Сити Вокер победи во фрлањето паричка и одбра пеналите да се шутираат под домашните навивачи и Сити да шутира прв. Тоа, барем статистички, дава поголеми шанси за победа.

Имено, стручниот штаб на Реал одлучил да му пренесе на Лунин еднаш во првите три удари да остане на средината на теренот, што се утврди како добра одлука.


„Се подготвувавме за тоа со тренерот на голманите и за тројца играчи имавме двоумица дали треба да останам на средината. Се одлучивме за еден бидејќи не може да се остане на средина при пет удари“, објаснил Лунин.

А во соблекувалната, како и секогаш, додека соиграчите славеле, танцувале и се прегрнувале, Украинецот најпрво им се јавил на родителите.

„Пеналите се лотарија, но играчите имаа многу самодоверба и многу сакаа да шутираат. Единствено Милитао кажа дека Едерсон го познава предобро“, рекол Карло Анчелоти.


Бразилецот бил искрен, што било подобро отколку да остане замотан во лажна храброст.

„Ако играчот ви каже дека е многу уморен, го менувате“, објаснил тренерот зошто Валверде не шутирал.

Уругваецот бил исцрпен и чувствувал дека нема сила да шутира пенал и така први шутираа двајца посвежи играчи, кои влегоа од клупата за резерви: Модриќ и Лукас Вазкез. Модриќ промаши, Вазкез погоди.


„Четири-пет минути пред крајот почнувате да размислувате на пенали. Одредив пет играчи, Џуд е добар шутер, како и Лукас, Начо има многу искуство и карактер, а Рудигер има храброст!“, објаснил Давиде Анчелоти, помошен тренер.

„Напишал пет имиња и му ги покажав на Карло. Направија мали промени и испадна одлично. А мојот татко е секогаш мирен“.

Последен шутираше Антонио Рудигер. Откако го сопре Халанд, студено погоди за победа.

„Уф, и јас повеќе би сакал да шутирам отколку немоќно да гледам од клупа. А Антонио имаше многу самодоверба“, додаде неговиот сонародник Тони Крос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг