Илон Маск на "X": Оваа балканска земја се соочува со драстично намалување на популацијата

Точка

18/04/2024

16:45

14.939

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Илон Маск, во хаотичен свет во кој се почесто има војни, во кој технологијата и вештачката интелигенција се закануваат да ги заменат луѓето во сите сфери на животот, вели дека најопасното нешто е - намалувањето на популацијата и ниските стапки на наталитет.

Илон Маск сподели "твит" од Лутер Чиро, во кој се наведува дека се предвидува дека Грција ќе стане првата нација која ќе доживее "колапс на популацијата" поради ненадејните и неочекувани смртни случаи ширум нацијата, додека нивоата на наталитет се пониски од тоа што се очекувало.

Маск над постот наведе дека Грција е само една од дузината нации кои се соочуваат со намалување на популацијата поради ниските нивоа на наталитет.

Во коментарите извесна Велина Чакарова наведува дека друга земја која има ист проблем е Бугарија. Од 1990-та година Бугарија изгубила 2 милиони луѓе, речиси четвртина од своето население. Се очекува да се намали за дополнителни 11 проценти за 10 години, а ОН предвидува дека ќе се намални за дополнитени 23% до 2050-та.




Спонзорирани линкови

Маркетинг