[ФОТО] Важи за модна икона поради нејзините неверојатни изданија: Актерката уште еднаш воодушеви со модниот избор

Точка

17/04/2024

15:16

5.378

Големина на фонт

а а а

Зендаја на секое појавување во јавноста се труди да остави впечаток, а поради нејзините неодамнешни излегувања и последното издание во Лос Анџелес, не е ни чудо што младата актерка веќе важи за холивудска модна икона.

Ако се земе предвид дека Зендаја е една од најбараните актерки во Холивуд во моментов и дека се појавува во некои од најпопуларните филмови кои излегоа во последно време - тоа значи и постојано појавување на премиерите и црвениот тепих.

Благодарение на трудот што го вложува во секое јавно појавување и стилистот Ло Роуч, таа стана своевидна модна икона, а тоа го докажува и нејзиното последно издание од Лос Анџелес.


Имено, оваа 27-годишна актерка моментално е на прес-турнеја за филмот „Challengers“, а синоќа на премиерата уште еднаш го украде целото внимание со својата модна комбинација.

Зендаја за оваа пригода носела прекрасна розово-црна тоалета на „Vera Wang“, која се состоела од корсет од тантела со проѕирни детали и долен дел во облик на балско здолниште од тил и сатен.

Изгледот го комплетирала со минимални аксесоари – носејќи само едноставни обетки и прстен.


Актерката претходно беше во центарот на вниманието за време на прес-турнејата за филмот „Dune: II“, којa ја одбележа токму со уникатни модни изданија - почнувајќи од роботскиот костум на „Mugler“ па сè до фустанот со необични изрези кој не „трпи“ долна облека.

Зендаја во новиот филм ја глуми Таши Данкан, поранешна тенисерка која го тренира својот сопруг и го трансформира од просечен играч во светски шампион.





Спонзорирани линкови

Маркетинг