Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт

Дерби

17/04/2024

11:30

4.395

Големина на фонт

а а а

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс официјално успеа да избори пласман во плејофот во западната конференција и тоа преку плејин фазата во која славеше над Њу Орлеанс Пеликанс со 110:106.

Домаќините пружија далеку посилен отпор во однос на мечот од пред неколку дена во основниот дел, но „езерџиите“ ја остварија целта и дојдоа до триумф со кој го обезбедија седмото место на Западот кое во разигрувањето за пехарот ги носи на соочување со актуелниот шампион Денвер Нагетс, тим за кој немаат одговор во последно време.

Комплетната петорка на гостите беше двоцифрена, 20+поени постигнаа Џејмс, Дејвис и Расел. На другата страна залуден беше дабл-дабл учинокот на Вилијамсон од 40 поени и 11 скокови.

Њу Орлеанс ќе има уште една шанса да дојде до плејофот и тоа преку Сакраменто Кингс кој пак рано утрово му зема мерка на Голден Стејт Вориорс. „Кралевите“ славеа со 118:94 и тоа ја ги испратија „воините“ не предвремен одмор кога е во прашање оваа сезона.

Мареј со 32 и Фокс со 24 кошеви беа најдобри кај победничкот, Кари беше лидер кај Голден Стејт со 22 кошеви. Една од причините за поразот на тимот од Сан Франциско е очајната партија на Томпсон со 0 поени, промашени десет обиди. Инаку подобриот од Пеликанс-Кингс оди на мегдан со Оклахома Сити Тандер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг