[ВИДЕО] „Како 12-годишник кој се труди да биде дежурен кловн во одделението“: Илон Маск „распнат“ на социјалните мрежи поради чудното однесување на црвениот тепих

Точка

17/04/2024

12:08

2.770

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиов викенд славните луѓе, спортисти и милијардери присуствувале на 10 доделување на наградите „Breakthrough Prize Ceremony“ (познати како Оскари за наука), на кои на врвните научници им се оддавало признание со награди од милион долари.

На доделувањето на наградите присуствувал и Илон Маск, а неговото позирање на црвениот тепих било прилично непријатно за гледање.

Видеото веднаш се проширило на социјалните мрежи. Некој од публиката му викал да ги крене рацете во воздух и потоа се случило следното:

„Никогаш не сум видел некој толку очајно да им се допадне на сите, а во исто време никој не го сака“.

„Како 12-годишник којшто се труди да биде дежурен кловн во одделението“.

„Тој е толку ‘кринџ’“, биле само дел од коментарите на социјалната мрежа „X“.

Впечатокот е следен: парите и моќта го направиле своето, а Илон Маск инаку не е најбогатиот човек на планетата.

Секако дека нему парите не му недостасуваат, а некои би рекле дека треба да научи да се однесува на црвениот тепих.

Сепак, имало и луѓе кои го бранат, односно на кои им се допаѓа на црвениот тепих да видат целосно поразлична приказна од сите останати.

„Еве зошто го сакам овој човек. Исклучително е паметен, а повторно скромен и забавен“, „Толку злобни коментари, зошто? Критикувајте ги луѓето поради нивните дела или зборови, но личните напади вообичаено говорат повеќе за оние кои на тој начин се ангажираат отколку за оние кои се нападнати“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг