Симеоне по елиминацијата на Атлетико: Кога противникот е надмоќен…

Дерби

17/04/2024

11:01

676

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид имаше добри и лоши моменти на соочувањето со Борусија Дортмунд, а тие осцилации во играта му донесоа пораз од 4-2 кој воедно значеше и елиминација од Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим успеа комплетно да се врати во второто полувреме, поточно од негатива од 2-0 да дојде до 2-2, резултат кој му гарантираше место во следната фаза.

Меѓутоа потоа дојдоа нови минути за домаќините кои од 71 до 74 испорачаа два гола преку Филкруг и Сабицер што се покажа како пресудно за конечниот епилог на натпреварот и воедно на двомечот.

- Тимот до крајот се обидуваше да го добие натпреварот кој во секој момент беше спротивен од она што го посакувавме. Дортмунд добро реагираше на тоа што успеавме да израмниме на 2:2 и победија токму затоа што во тој момент беа посилни од нас, - рече Диего Симеоне и додаде:

- Дадоа се од себе, завршија огромна работа, но тоа не беше доволно. Штета што не ја искористивме шансата на почетокот на натпреварот. Тие подобро ги искористија своите можности и постигнаа голови. На крајот беа супериорни, а кога ривалот е супериорен треба да му се честита, - заклучи Чоло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг