Луис Енрике: Чекаме да се огласи господинот Мбапе

Макфакс

17/04/2024

10:56

586

Големина на фонт

а а а

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше за Килијан Мбапе по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ, со пресврт, убедливо победи во Барселона (4:1) и со вкупен резултат 6:4 се пласира во полуфиналето.

На прес конференцијата по натпреварот, тренерот Луис Енрике, повторно зборуваше за Килијан Мбапе.

„Дали Мбапе ќе остане во клубот? Сите го чекаме да се огласи господинот Килијан Мбапе. Потоа сите страни ќе го дадат своето мислење. Јас морам да останам смирен додека сите страни не се изјаснат. Тоа е како да сме во судница, а јас сум само еден од сведоците што чека да биде сослушан“, изјави Шпанецот.

ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Борусија Дортмунд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг