Д-р Мозли советува: „Само една лажица од оваа намирница дневно може да го намали високиот крвен притисок и да го зголеми помнењето“

Точка

17/04/2024

09:00

16.946

Големина на фонт

а а а

Доктор Мајкл Мозли цврсто верува дека само една лажица од ова масло може да го намали високиот крвен притисок и да го подобри помнењето.

Гуруто за исхрана, д-р Мајкл Мозли, е планетарно познат по диетите кои ја воодушевуваат јавноста.

Овојпат Мозли зборувал за благосостојбата на маслиновото масло. Тој се залага за тоа дека сите дневно треба да консумираме по 1 лажица маслиново масло, кое според него е темел на медитеранската исхрана која е популарна како една од најздравите во светот.


„Маслиновото масло исто така е богато со нешто што се нарекува олеинска киселина, што заедно со полифенолите би можела да објасни зошто внесувањето на маслиновото масло на дневно ниво може да ги намали воспаленијата, да го подобри нашето помнење и да го намали крвниот притисок“.

Повикувајќи се на убедливо истражување, д-р Мозли истакнал:

„Во неодамнешна шпанска студија која опфатила над 12 илјади луѓе, истражувачите откриле дека оние кои консумирале по една лажица и пол од маслиновото масло дневно имаат дупло помал ризик да починат од кардиоваскуларни болести, што е импресивно.

Оваа поврзаност е пронајдена само кај оние кои консумирале маслиново масло, нерафинирано. Од друга страна, студија од 2020 година открива дека консумирањето маслиново масло во било кој облик го намалува крвниот притисок“.

Студијата која вклучувала 25 возрасни лица со благи нарушувања открила дека дневната доза од 30 милилитри – околу две супени лажици, го подобрува и помнењето.


„Дневната доза маслиново масло исто така може да ги ублажи хроничните воспаленија кои се поврзани со деменција“.

Д-р Бил Мулен од Универзитетот во Глазгов објаснил: „Главната компонента на маслиновото масло е олеинската киселина и тоа е една од овие омега девет масни киселини. Олеинската киселина секако е позната по тоа што има антифламаторно дејство и прилично сме сигурни дека многу од хроничните болести почнуваат со воспаленија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг