[ФОТО] Бизарното издание ја „уништило“ сета нејзина убавина: Познатата манекенка непрепознатлива на Коачела

Точка

16/04/2024

16:54

7.029

Големина на фонт

а а а

Манекенката се појавила на фестивалот Коачела во неочекувано издание.

Хејли и Џастин Бибер важат за еден од најхармоничните славни парови, а се чини дека сопругата на познатиот пејач започнала да се угледува на својата посилна половина кога станува збор за облекувањето.


Манекенката го бодреше Џастин на неговиот настап на популарниот фестивал во Калифорнија, кој секоја година обединува бројни познати личности кои секогаш нè изненадуваат со својот моден избор, а на третиот фестивалски ден заедно со нејзината најдобра пријателка Хејли уживала во настапот на Доџа Кет.


Годинава во центарот на вниманието се најде модното издание на убавата Хејли, која важи за дама со стил и инфлуенсерка која ги диктира модните трендови, меѓутоа, многумина веруваат дека ова билo нејзино модно промашување.


Таа носела широки панталони со џебови, слични на машки панталони, бејзбол јакна и качкет над која ставила марама со леопард принт врзана под брадата, заедно со црвен кармин и зелени нокти.

Бидејќи повеќето не се навикнати на вакви изданија на Хејли Бибер, овојпат изостанале комплиментите на нејзина сметка...



Спонзорирани линкови

Маркетинг