„Сè повеќе читам книги, а сè помалку бришам прашина, ништо повеќе не чувам за 'црни денови'“: Мудроста на оваа жена ќе ве освести

Точка

16/04/2024

16:11

7.310

Големина на фонт

а а а

Една старица ѝ напишала писмо на својата пријателка кое секој треба да го прочита. Писмото гласи вака:

„Драга моја,

Сè повеќе читам книги, а сè помалку бришам прашина. Седам во двор и уживам во погледот без грижа за обраснатата трева. Целото време го поминувам со семејството и пријателите, а помалку со обврските.

Животот мора да се живее, а не да се издржува. Сега се обидувам да ја сфатам оваа реченица и повеќе да ја ценам.

Ништо веќе не чувам: го користам убавиот порцелан, од кристалните чаши пијам секојдневно. Го носам својот „капут за во град“ кога одам на пазар или до продавница. Се прскам со оние стари парфеми кои цел живот ги чував за посебна пригода.


Веќе не ми е гајле дали сум добила некој килограм плус и дали мијалникот во кујната е секогаш чист.

Зборовите ‘еден ден’ повеќе не постојат во мојот речник. Ако нешто вреди да се направи или види, се трудам тоа да го направам или видам сега и веднаш.

Не сум сигурна што би правеле другите да знаат дека утре нема да бидат овде, бидејќи тоа сите го земаме здраво за готово. Мислам дека тогаш би го собрале семејството или блиските пријатели. Можеби би им се јавиле и на оние поранешни пријатели да им се извинат, да го обноват односот...

Сакам да мислам дека би отишле сите заедно некаде на палачинки, или на некоја друга вкусна храна, и би уживале.


Ова не се ситници и би се налутила кога моето време би истекло, а притоа не сум направила сè што сум сакала. Не би сакала да си скратам било какво задоволство.

Би била бесна што никогаш не им се јавував на одредени луѓе, мислејќи дека има време. Би била лута што почесто не им кажував на родителите, како и на сопругот, колку многу ги сакам.

Драга моја, периодов својски се обидувам да не одложувам било што, што може да ми стави насмевка на лицето. Секој ден ми е посебен. Секоја минута ми е подарок.

Животот не може да биде постојана забава, но додека сме тука, најмалку што можеме да направиме е да танцуваме!“.