Борусија остана без важен играч за реваншот со Атлетико

Дерби

16/04/2024

12:52

904

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд денеска го пречекува Атлетико Мадрид во натпревар на кој ќе треба да брка победа за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, а според германските медиуми во офанзивниот дел нема да смета на многу важен играч.

Себастијан Алер заработил повреда на зглобот на левата нога и ќе паузира неколку недели, па тренерот Един Терзиќ нема да може да смета на неговите услуги на вечерашната пресметка со шпанскиот ривал.

– Во сабота ќе бидат направени подетални прегледи во однос на паузата која го очекува. Сегашната прогноза е дека Алер ќе отсуствува две-три недели, – изјавил Терзиќ пред новинарите.

Алер беше стрелец на единствениот гол на Борусија во поразот 2:1 на првата средба на „Метрополитано“, а повредата ја заработил на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во рамките на Бундеслигата.

Добра вест за фановите на Борусија е што Џејдон Санчо ќе биде подготвен за денешната средба, откако го пропушти патувањето во Менхенгладбах поради болест.



Спонзорирани линкови

Маркетинг