Брутален состав: Американците имаат вистински „дрим тим“ за ЛОИ во Париз

Дерби

16/04/2024

12:32

4.553

Големина на фонт

а а а

Американската кошаркарска репрезентација не успеа да победи на последното Светско првенство, но затоа ќе има многу поголеми амбиции на Олимписките игри во Париз.

Селекторот Стив Кер ќе има задоволство да предводи нова генерација на „дрим тим“, чии потврдени имиња навестуваат доминација на првиот фаворит за златото во француската престолнина.

Според новинарот Адријан Војнаровски, своето конечно „да“ го кажале ЛеБрон Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Тајрис Халибуртон, Ентони Едвардс, Џру Холидеј, Бем Адебајо и Ентони Дејвис.

Останува да се пополни уште едно место кое дополнително ќе биде потврдено, а интересно е што Олимпијадата ќе биде посебна мотивација за Кари, кој досега нема настап на ова натпреварување, како и за Ембид кој ќе дебитира во дресот на американската репрезентација.

Американците се во група со Србија, Јужен Судан и квалификант кој ќе биде определен дополнително.



Спонзорирани линкови

Маркетинг