Фердинанд прогнозира црна недела за Арсенал: Ако загубат од Баерн…

Дерби

16/04/2024

10:57

659

Големина на фонт

а а а

Арсенал беше во извонредна ситуација до пред една недела и со најдобри мисли влезе во четвртфиналето против Баерн Минхен, бидејќи покрај добрата форма, голема сатисфакција носеше и првото место во Премиер лигата.

Првиот меч на „Емирејтс“ заврши 2:2 и двата тима сега со подеднакви шанси влегуваат на реваншот кој се игра утре, но сепак Рио Фердинанд му дава мала предност на германскиот тим, пред се поради искуството и факторот домашен терен.

Арсенал во меѓувреме загуби од Астон Вила и го загуби првото место во домашното првенство, а Фердинанд прогнозира уште поцрна недела за „топчиите“ ако на крајот се оствари неговата прогноза.

– Мислам дека Баерн има предност на реваншот. Баерн игра дома и на своја страна го има цело искуство кое го има насобрано во Европа. Арсенал не е отпишан, може да победи, но јас му давам предност на Баерн. Замислете како ќе им биде да бибдат исфрлени од Хари Кејн?

– Натпреварот во среда е најголем за Арсенал оваа сезона. Ако загубат од Баерн, тимот на Артета никогаш нема да биде морално подоле. Ако навистина загубат, ќе бидам загрижен за Арсенал до крајот на сезоната, – изјави Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг