Челси победи 6:0, Покетино бесен на сликата која ја оставија неговите играчи: Ова е срамно и не смее да се повтори!

Дерби

16/04/2024

10:56

709

Големина на фонт

а а а

Челси го одигра најдобриот меч од стартот на сезоната и постигна шест гола во мрежата на Евертон, но дури и во ситуација кога имаше причина за славеничка атмосфера на „Стемфорд Бриџ“, фудбалерите на Маурисио Покетино сами се погрижија за еден непотребен циркус.

При водство од 4:0, домашниот тим доби пенал и убава шанса да стигне до петти гол, но пред да дојде до нова реализација од Кол Палмер, фудбалерите на Челси покажаа голема недисциплина.

Мадуеке и Џексон сакаа да му ја одземат топката на Палмер во ситуација кога Англичанецот се бори за „Златната копачка“, па на крајот мораше да реагира капитенот Галагер кој му ја предаде топката на првиот пеналџија.

Оваа сцена ги шокираше фудбалските фанови на Челси, но посебно лут беше менаџерот Покетино кој не се штедеше по преубедливата победа од 6:0.

– Знаев дека првото прашање ќе биде за оваа тема. Прво и основно, сите во клубот знаат дека прв пеналџија и Кол Палмер. Сите играчи и сите членови на стручниот штаб го знаат тоа, се она што се случи пред пеналот беше срамно. Навистина сум многу лут и разочаран од таа ситуација, не ми се допаѓа сликата која ја оставивме. Зборував веднаш со фудбалерите, не смееме да оставаме ваква слика кога не гледа цела нација во понеделник. Ова беше срамно и сакам да им се извинам на фудбалските фанови, на нашите навивачи, ова за мене е неприфатливо. Дисциплината е најважна работа во еден тим, ова е колективен спорт и за вакви ситуации ќе носам тешки одлуки.

– Им кажав дека нема да прифатам вакво однесување во иднина, им го кажав лично и тие ми ветија дека вакво нешто нема да се повтори. Ова е дел од процесот, ова се млади играчи и мора да научат. Треба да сфатат дека се дел од Челси и дека сите гледаат во нив, – изјави Покетино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг