[ВИДЕО] Мачор западнал во депресија по смртта на неговиот најдобар пријател, но новото куче успеало да го спаси

Точка

16/04/2024

11:00

3.300

Големина на фонт

а а а

Мачорот Фред паднал во депресија по смртта на неговиот најдобар пријател, златниот ретривер Артур. Фред пораснал со Артур, поради што неговата смрт минатиот август тешко го погодила.

Неговите сопственици во интервју за порталот „Newsweek“ објасниле дека Артур боледува од рак и дека Фред бил со него до самиот крај, но тој сè уште не разбирал што се случувало, па бил изгубен.


Со цел да му помогнат да излезе од депресијата, сопствениците во домот донеле златен ретривер по име Сани. Иако Фред на почетокот бил претпазлив, не му требало многу време за да се спријатели со Сани.


Развојот на нивното пријателство можете да го видите во видеото кое било споделено на „Instagram“ на 8 април.




Спонзорирани линкови

Маркетинг