Фудбалерот кој некогаш вредеше 60 милиони евра си заминал дома откако дознал дека нема да биде стартер

Точка

15/04/2024

19:31

3.098

Големина на фонт

а а а

Баер во 29-тото коло од Бундеслигата го декласираше Вердер со 5-0 и со таа победа си ја обезбеди титулата. На клупата на гостите од Бремен требало да биде 29-годишниот Наби Кеита, но гвинејскиот репрезентативец не дошол на натпреварот, туку заминал дома кога дознал дека нема да биде во почетните 11.

Директорот на Вердер, Клеменс Фриц, тоа го потврдил пред неделниот натпревар. „Наби Кеита дозна дека против Леверкузен нема да игра од првата минута, па поради тоа не влезе во автобусот, туку си замина дома. Ќе разговарам со Кеита и со неговите менаџери за последиците и како ќе продолжиме после ова“, рекол Фриц.


Ливерпул за Кеита плати 60 милиони евра, но го уништија повредите

Кеита во кариерата играл за гвинејски Хорос и француски Истрес пред РБ Салцбург да го донесе за 1.5 милиони евра. Бил неверојатен талент, па во 2016-та година преминал во РБ Лајпциг за речиси 30 милиони евра, додека Ливерпул во 2018-та година го платил дури 60 милиони евра.


Иако изгледало дека ќе биде идеален додаток за составот на Јирген Клоп, Кеита доживеал премногу повреди, па во 2023-та година замина како слободен играч. Потпиша тригодишен договор со Вердер, но оваа сезона играше на само пет натпревари. Сега е прашање што ќе биде со неговата иднина во Вердер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг