„Мост“ - рецитал за сите вљубеници во операта: Македонскиот басбариотон Наумовски ќе одржи концерт во Музеј на македонската борба

Точка

15/04/2024

16:30

777

Големина на фонт

а а а

Иван Наумовски, оперскиот уметник со интернационална кариера и професор на Факултетот за музичка уметност, го најавува својот концерт насловен Мост.

На концертот кој ќе се одржи на 17-ти април (среда) во Музеј на македонската борба со почеток во 20 часот, ќе имаме прилика да ги слушнеме неговите интерпретации на дела од Р. Штраус, А. Цемлински, Ј. Брамс, А. Берг, Ф. Шуберт, Д. Андовска и Панде Шахов.


Во среда, Наумовски со македонската јавност ќе сподели дел од она на кое тој вредно работи и го презентира пред светската публика. Тој на концертот ќе настапи заедно со професорката Елена Атанасовска која ќе го придружува на пијано.

Влезот на концертот е бесплатен. Присуството на секој вљубеник во музиката и културата е добредојдено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг